Студенти во Тулуз направија краток анимиран филм за уличното малтретирање

Малтретирањето на улица е универзално зло. Луѓето редовно се среќаваат со кампањи за подигање на свеста, па дури и социјални експерименти со скриени камери кои го покажуваат однесувањето на мажите. Неодамна, ова прашање повторно го покренаа Леа Паркер, Клер Батај, Виктор Дулон, Петар Херциг и Гаел Ланг, студенти во Школата за уметност во Тулуз.

За нивната финална вежба, одлучиле да направат краток анимиран филм со кој ќе го претстават уличното малтретирање. Насловено „Еј, госпоѓице“, видеото го претставува овој проблем преку доза на хумор. Но, и покрај тоа што филмот е измислен, репликите во него се вистински. Всушност, тие се земени од нивни вистински искуства, како и сведоштва од социјалните мрежи.

„Оваа тема не засегна и не заинтересира, бидејќи двете девојки од тимот го трпеле овој вид на однесување постојано“ изјави Виктор Дулон.

„Тоа е помалку позната тема, дури и дискредитирана. Има многу луѓе кои мислат дека треба да бидеме среќни ако ни свирнат на улица. Но, кога сме жена и сме постојано подложни на тоа, не е комплимент“, вели Дулон.