Странски инвестиции: митови и реалност

Во петок (3 февруари), со почеток во 9:30 часот во ЕУ Инфо центар, ќе се одржи промовија на студијата „Вистинската цена на евтината работна сила“ од Бранимир Јовановиќ, но и ќе се отвори дебата за некои од митовите околу странските инвестиции во Македонија. Студијата е поддржана од фондацијата „Rosa Luxemburg Stiftung Southeast Europe“

Настанот ќе има два панела. На првиот ќе бидат дискутирани владините политики за привлекување и поддршка на странските инвестиции. Вториот ќе биде посветен на работните услови и работничките права во странските инвестиции во Македонија.

Во првиот панел ќе учествуваат Александар Јанев, Балканска истражувачка репортерска мрежа, Бранимир Јовановиќ, Институт за општествени и хуманистички науки, Марјан Николов, Центар за економски анализи и Горан Мојаноски, Здружение на млади аналитичари и истражувачи. 

На втората дискусија ќе се вклучат Марија Џонс, Движење за социјална правда „Ленка“, Соња Стојадиновиќ, Левичарско движење „Солидарност“, Александар Колекески, Македонски центар за европско образование, Џабир Дерала, ЦИВИЛ.