Стотици луѓе се собрале на таен рејв под мостовите на Њујорк

Стотици луѓе се собрале за таен рејв под мост во Бруклин во саботата вечер, игнорирајќи ги мерките за физичка дистанца, известуваат американските медиуми.

Снимката која кружела на интернет покажувала како голема група на луѓе танцуваат под мостот во Гринпоинт.

Градоначалникот Ендрју Куомо, ја осудил големата журка.

„Големи забави, без разлика дали се одвиваат на земја или на брод се незаконски и безобразни, зарем ова не е доволна причина да не се биде глуп?“ истакнал градоначалникот на „Твитер“.

На снимката од рејвот, биле прикажани стотици луѓе кои без маски и физичка дистанцираност танцувале на гласната музика.

Според американските медиуми, станува збор за настан организиран од група наречена „Ренегејт“ кои истакнале дека барале од присутните донации за „Legal Aid Society“, но додале дека настанот набрзо излегол од контрола.

Сепак, тие ја бранеле својата идеја за организацијата.

„Ако сметате дека луѓето нема да се собираат, тогаш сте будали, нема начин како тоа да се спречи. Јас и моите пријатели сме приморани да се вратиме на работа заедно со илјадници колеги. Њујорк повторно се отвора – отворени се продавниците, метрото, парковите, луѓето се обидуваат да се вратат на старото. Ние барем посочувавме да се носат маски“, истакнал еден од организаторите кој побарал да остане анонимен.

Организаторот додал дека биле делени бесплатни шишиња со вода, маски и средства за дезинфекција на сите присутни.

Сепак, еден од присутните кои се претставик како Себ, истакнал дека настанот набргу се претворил во голема рејв забава без дистанцирање, а многу од присутните не носеле маски.

„Никогаш повторно нема да отидам на вакво нешто. Пријателите со кои дојдов ми кажаа дека ќе одат во двонеделна самоизолација, премногу е рано за толку многу луѓе на едно место“, изјавил тој.

Њујорк, кој стана познат како епицентарот на вирусот во првите неколку месеци од ширењето на САД, досега има забележано 230,000 потврдени случаи и 23,000 смртни случаи.

Во последните два месеци, оваа држава достигнала ниско ниво на новозаразени, а се обидува да го избегне вториот бран.

Извор: Independent