Стоматолошки, Филолошки и Факултетот за физичко образование распишаа студентски избори

Стоматолошкиот факултет распиша студентски избори на 26 ноември, а три дена подоцна, студентски претставници ќе се бираат и на Филолошкиот факултет. На 27 ноември пак, студентски избори се распишани на Факултетот за физичко образование. Трите факултети се дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

Како што стои во известувањето од Стоматолошки, ќе се бираат десет членови на Факултетското студентско собрание и претседател на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје. Изборите ќе се спроведат во просториите на стариот деканат (барака) во период од 10 до 16 часот.

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе бира студентски претставници на 29 ноември. Притоа ќе се бираат 24 членови во Факултетското собрание и претседател. Изборите ќе се одржат во аулата на факултетот, од 9-15 часот.

На Факултетот за физичко образование, спорт и здравје студентските избори ќе се организираат на 27 ноември, во просториите на факултетот, од 9-16 часот. Ќе се бираат 6 студентски студентски претставници и претседател за Факултетското собрание.

Право да избираат и да бидат избрани за членови на Факултетското студентско собрание имаат сите студенти кои се запишани на студии во учебната 2019/20 година и имаат запишан зимски семестар.