Стен Ли ќе добие улица именувана по него во Њујорк

Еден од создавачите на легендарните фиктивни ликови како „Спајдермен“, „Хулк“ и „Икс-мен“ ќе добие улица именувана по него во „Големото јаболко“.

Како што соопшти „Њујорк пост“, во градскиот совет на Њујорк, оваа недела било изгласано Универзитетската Авенија во Бронкс, исто така да се нарекува и „Стен Ли Веј“.

Тој заедно со соработниците Џек Кирби и Стив Дитко целосно ја променија стрип индустријата во 1960-тите години со нивните суперхерои, давајќи им комплексни емоционални животи покрај надчовечките способности, додека Марвел универзумот кој го создаваше прејде од хартија на екраните во серијал на телевизиски и филмски адаптации кои го сменија ликот на поп-културата.

Низ годините Стен Ли стана познат по тоа што се бореше против цензурата, а преку неговите сценарија се залагаше и против расизмот, нетолеранцијата, социјалната неправда, дискриминацијата и предрасудите, терајќи ја пошироката јавност стрипот да не го гледа само како форма на забава, туку многу повеќе од тоа.

Стрип авторот почина во ноември на 95 годишна возраст од срцев удар.