Старото училиште во Љубојно ќе се реконструира со 32.8 милиони денари

Од Министерството за култура истакнуваат дека старото училиште ,,Димитар Влахов” во преспанското село Љубојно, ќе се реконструира и ќе се адапира со 32.8 милиони денари.

Училиштето ќе се намени во Центар за промовија на македонски јазик, а зад реновирањето стојат Владата, Министерството за култура и Завод и музеј Битола, кои презеле обврска старото училиште во Љубојно да биде обновено и да се ревитализира во чест на македонските дејци и во спомен на сите просветни работници.

Според министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, идејата е објектот каде се одвивала настава на македонски јазик да стане собиралиште на лингвисти, педагози, наставници и професори по македонски јазик.

Училиштето е основано пред 76 години и е прво училиште по македонски јазик во Преспа, а второ во државата.

Иницијатива за основање на Центар за промоција на македонскиот јазик во старото училиште во Љубојно