Средношколци ќе креираат визуелни дела на тема: трансплантација и органодонорство

Преку објавен Повик, учениците од сите државни средни училишта во земјава имаат можност да ги покажат своите визуелни креативни дела на тема органодонорство и трансплантација

„Tрансплантацијата на органи, освен што спасува животи, ги поставува и темелите на етичките принципи во здравството, но и во општеството во целина. Органодонорството не само што спасува животи на пациентите кои немаат друг избор за лекување, туку и ја испитува нашата хуманост. Семејствата на донорите заслужуваат почит и признание за нивниот алтруизам и надежта која ја даваат за подобра иднина на болните, но и на целото општество преку нивниот пример. Токму ова е иницијалната замисла за започнување кампања за подигнување на свесноста за оргнанодонорство“, стои во повикот.

Од средношколците се бара дигитален изложбен постер, цртеж или друг тип визуелна порака која поттикнува размислување за органодонорството и трансплантацијата.

Секој средношколец може да достави најмногу две креативни дела. Рокот е до 4 март.

Повеќе информации за повикот ТУКА, а аплицирање ТУКА.

Повикот е распишан во рамки на проектот „Поддршка на системот  за трансплантација во Република Северна Македонија“, финансиран од ЕУ, што се спроведува во соработка со Министерството за здравство, во реализација на Agriconsulting S.A. (Италија) и PLANET S.A. (Грција).