Отворен повик за средношколски и студентски кратки филмови

„Art house Karev“ објави отворен повик за средношколски и студентски кратки филмови кои би се прикажувале на првиот ден од годишниот настан „Три дена култура 4“ во рамки на гимназијата.

Поднесените филмови треба да траат до 20 минути и треба да се авторски, оригинални дела. Филмовите може да бидат драма, комедија, документарни, анимирани или експериментални, а секој автор или авторка треба да се пријави само со едно дело.

Пријавените мораат да бидат средношколци или студенти, а филмот треба да биде во висока резолуција.

Се препорачува филмот да содржи шпица на која се наведени сите оние кои учествувале во создавањето на истиот.

Крајниот рок за испраќање на пријавата и филмовите е 31 март, 2022 година.

„Филмот не смее да содржи говор на омраза по кој било основ, и навредлива или ексциплитна содржина. Се препорачува филмовите да содржат превод на англиски јазик“, велат од „Art house Karev“.

Филмовите се испраќаат преку пријава, откако претходно ќе ја пополните со вашите лични податоци и податоците за филмот.