Средба со интернет сензацијата Звогањ на „Анимакс“

Српската интернет сензација Данило Дабиќ, или уште попознат како Звогањ, утре ќе се сретне и ќе поразговара со македонската јавност. Тој е еден од гостите на годинешното издание на фестивалот „Анимакс“.

Средбата ќе се одржи во Кинотека на Македонија, со почеток од 16 часот. Присутните ќе имаат можност директно да поразговараат со него за инспирацијата и техниките што тој ги користи за изработка на неговите клипови.

Неговиот Јутјуб канал го следат над 250 000 корисници. Звогањ стана популарен преку анимираните клипови во кои како главен лик го има Цопе и неговите рецепти за „Цопетова кухиња“.