Спас за Валандово бара идните градоначалници да се приклучат во борбата против „рудниците на смртта“

По референдумот и добиените 4.509 гласа „против“ т.н. „рудници на смртта“, иницијативата Спас за Валандово ја испрати својата платформа за потпис од сите 33 кандидати за градоначалниците и за советници на општина Валандово.

Преку платформата граѓаните бараат поддршка и приклучување на кандидатите во борбата за стопирање на изградбата на рударскиот комплекс Казандол.

„Бараме идниот градоначалник и членовите на Советот да направат ревизија на доделените дозволи и позитивни мислења од Општина Валандово за издадените концесии. Во урбанистичкиот план да нема парцели за тешка и загадувачка индустрија. Сите плански документи, евентуални дозволи, пред да се додели концесија за експлотација за Казандол, но и за Бајрмбос и Плавуш да бидат дадени на увид и презентирани на јавноста и за нив да се расправа на јавна седница со преставници на нашата инцијатива“, велат од иницијативата.

Како активисти бараат да бидат вклучени во работните групи за локалниот економски развој на Валандово, каде бараат поддршка да се даде на земјоделието, екологијата, енергетиката, односно на промоција и искористување на локалните обновливи извори на енергија.

Целиот документ може да го погледнете долу: