Советот на млади во Гостивар распиша конкурс за краток филм

Советот на млади при општина Гостивар распиша конкурс за избор на најдобар краток филм.

Право на учество имаат сите лица, државјани на Република Македонија на возраст од 15 до 25 години.

Заинтересираните може да учествуваат самостојно или во група со еден филм кој би траел од 3 до 20 минути.

„Преку оваа активност сакаме да им дадеме шанса на младите да ја покажат својата креативност и умешност во создавањето на филмските дела. Исто така, сметаме дека ќе го поттикнеме натпреварувачкиот дух“, велат од Советот на млади.

Темата е слободен избор.

Филмовите се испраќаат на е-мејл адресата: gosyc2018@gmail.com.

Краен рок за пријавување е 1 јуни, 2018-та година.