Соученички брутално претепаа девојче во Неготино, „Меѓаши“ бара истрага од МОН

Министерството да образование и наука да го истражи случајот со брутaлнoтo претепувaње нa ученичкa вo двoрот нa неготинското основно училиште „Гoце Делчев”, бара Првата детска амбасада, Меѓаши.

„Овој брутален настан покажува дека е напразно секакво трансформирање на образованието ако се запоставува елементарната функција а тоа е воспитанието на младите но и ако не се работи на превенција на насилството во училиштата. Тоа е и потврда за недоволната грижа или немањето капацитет за справување на училиштата со проблемите на учениците и нивното однесување и потешкотиите со кои секојдневно се соочуваат“, стои во соопштението на „Меѓаши“.

Од „Меѓаши“ ја повикуваат  министерката Рената Десковска да покрене истрага за овој настан, да утврди степен на одговорност и каде потфрлил целиот наставен кадар, дежурни наставници, педагози, психолози, кои треба да работат на превенција на насилствотo и мора да имаат постојан увид за тоа што се случува во училиштето и училишниот двор. Истовремено бараат службите во МОН да ги ревидираат застарените правилници за регулирање на поведението на учениците и да разработат мерки за интеревенција при инциденти на насилство во училиштата.

Како што изјави за МИА училишниот психолог,  Елена Кабранова, ова било прв ваков случај во ОУ „Гоце Делчев”, за што ги известиле Центарот за социјални работи и полицијата. Вели дека тепачката била случајна, за тинејџерска љубов и трите девојчиња кои претходно биле другарки, се смириле и се каеле.

Јавноста беше згрозена откако на социјалните мрежи вчера се прошири видеото во кое соученички брутално тепаат ученичка во школскиот двор во Неготино, по што беше најавено дека случајот го истражува просветен инспектор. Видеото денеска е тргнато од интернет.