Солидарност во фокус: Промоција на Прирачник за Менторство

Здружението за еднакви можности – Мрежа Стела го организира настанот „Солидарност во фокус“ на кој ќе биде промовиран Прирачник за Менторство.

Авторки на прирачникот се менторките Радмила Живановиќ и Ивана Маринчек Михајловиќ.

„Покажаната потреба за создавање на овој Прирачник за Менторирање е голем исчекор во афирмирањето на менторството како клучен дел од оснажнувањето на жените и девојките во нашето општество. Дополнително, ќе имаме можност во неформална атмосфера да дискутираме за солидарноста помеѓу жените и поддршката на нивното учество во опшествениот, политичкиот и економскиот живот“, се вели во најавата.

Настанот ќе се одржи во вторник (21 ноември) во Даут пашин амам со почеток во 19 часот, а ќе биде проследен со коктел и музика од диџејките на Тииит. Инк.

Од Мрежата информираат дека заинтересирани посетители треба да го на јават своето присуство на овој линк.

Овaa иницијатива е дел од проектните активности фокусирани на „Еднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија”, проект кој се спроведува заедно со Националниот младински совет на Македонија.