Со концертот на Ванеса Меј вечерва се отвора 59. „Охридско лето“

Вечерва во Античкиот тетар, со концертот на виолинистката Ванеса Меј, ќе биде отворено 59. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Светски познатата виолонистка од Велика Британија, која сака да експериментира со начинот на кој и се обраќа на публиката посетила над 50 земји, а свирела на атрактивни локации како: Кремлин во Москва, Хајд Парк во Лондон и Акропол во Атина. Настапувала на спортски настани, на егзотични локации, меѓу кои на замрзнатото езеро во Сан Мориц, на Ленстер сквер во Лондон за прославата на кинеската Нова година, за одбележувањето на 250 годишнината од раѓањето на Бах во палатата Ст. Џејмс… Покрај со музиката, се занимава со добротворна работа и спорт, а прогласена е за модна икона и за најубава жена во светот според неколку значајни списанија. Има продадено повеќе од 10 милиони албуми и добиено 40 интернационални награди за нејзините поп и класични снимки, додека пак концертите се пренесувани во повеќе од 100 земји во светот.

Вљубениците во уметноста низ 40-те фестивалски денови ќе имаат можност да уживаат во над 40 културни настани на светски, но и домашни познати имиња на сцените на Антички театар, Долни Сарај во црквата „Света Софија“, но и во нејзиното преддворје, во Центарот за култура „Григор Прличев“, како и на други локации низ градот.

Целата програма на „Охридско лето“ може да се види ТУКА. Фестивалот ќе трае до 20 август.