Со картонски кутии на глава, индиски студенти биле спречени да препишуваат на приемен инспит

Фотографии од индиски студенти кои полагаат приемен испит со картонски кутии на главите предизвика силни критики во јавноста. Студентите полагале испит по хемија на пред-универзитетскиот колеџ Багат во Хавари, индиската држава Карнатака. Причината за тоа е да ги спречат студентите да препишуваат од своите колеги.

Од колеџот упатија извинување, велејќи дека мерката е само на „експериментална основа“ со согласност на студентите.

„Немаше никаква присила. Можете да видите на фотографијата дека некои студенти не носат кутија“, велат од службата.

„Некои што носеа, ги отстранија по 15 минути, некои по 20 минути и ние самите ги замоливме да ги отстранат по еден час“, додаваат тие.

Заменик директорот на колеџот ја опиша практиката како „нехумана“.

„Кога добив порака за ова, веднаш отидов на колеџот и му наредив на раководството да ја запре практиката“, изјави тој за „Индија Тајмс“.

„Јас исто така издадов известување до раководството на колеџот и размислувам за дисциплинска постапка против нив за спроведување на оваа идеја“.

Службениците изјавија дека веднаш ја прекинале мерката.