Со „данок на пластика“ ќе се укинуваат нерециклирачки материјали во Британија

Владата на Велика Британија планира да го искористи постоечкиот систем и трошоците за користење на пластика што не се рециклира енормно да ги зголеми, информира Индепендент.

Компаниите кои ги пакуваат производите во пластика што не се рециклира ќе бидат изложени на масивни трошоци според плановите таквата пластика да се исфрли од употреба.

Вајтхол инсајдерите веруваат дека предлогот – данок на пластика што не може повторно да се рециклира – ќе има поголемо влијание врз напорите на владата да го укине целиот пластичен отпад до 2042 година од која било друга мерка.

Извор близок до предлогот за „Индепендент“ изјави дека трошоците за користење на пластични материјали што не може да се рециклираат ќе бидат „толку енормно високи“, па компаниите едноставно ќе заклучат дека повеќе не вредат.