Снепчет е сега попопуларен од Твитер

Повеќе луѓе денес „снепаат“ отколку што „твитаат“, покажува ново истражување на Bloomberg. Снепчет има 150 милиони дневно активни корисници, во споредба со помалку од 140 корисници на Твитер кои ја користат мрежата секој ден.

Во време кога Твитер се труди да ги придобие рекламните агенции и да ги убеди дека нивната мрежа ќе им заработи повеќе пари, Снепчет има најголем профит бидејќи е најпопуларен кај младата публика.

„Твитер има 310 милиони корисници кои се активни на месечно ниво, според истражувањето за неодамнешните заработки. Компанијата не знае колку од овие луѓе точно ја користат мрежата секојдневно, но во третиот квартал, изјави дека околу 44 проценти од месечните корисници се активни секој ден. Извршниот финансиски директор на Твитер, Ентони Ното, вели дека тогаш процентот бил стабилен но „треба да бидат сигурни“  дали има значајна промена. Компанијата оттогаш нема објавено нови податоци. Тоа имплицира на 136 милиони корисници кои се активни секој ден, пренесува Bloomberg.

Твитер се труди да остане значаен во ерата на експлозивниот пораст на Снепчет и понатамошната доминација на Фејсбук, а компанијата неодамна направи промени со цел да биде попристапна за новите корисници.