Слободан Трендафилов избран за претседател на ССМ

На Конгресот на Сојузот на синдикатите на Македонија одржан вчера во работничкиот дом во Скопје, делегатите едногласно одлучија за претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) да го изберат Слободан Трендафилов.

Довербата му ја дадоа повеќе од 2/3 од синдикатите членки на ССМ, членовите на органите и телата на синдикатите членки на ССМ како и Претседателството и Советот на ССМ. Конгресот ја потврди таквата доверба.

„Конгресот почна со едноминутно молчење во знак на почит кон претходниот претседател на Сојузот на синдикати, Дарко Димовски, кој почина во првата половина на јуни годинава“, велат од ССМ.

Во името на работниците, синдикалците, синдикатите и Сојузот на синдикатите на Македонија, во знак на почит, на неговото семејство беше предадена благодарница за долгогодишната синдикална активност и придонес за унапредување на синдикалното движење.

„ССМ во изминатите денови беше исправен пред сериозен предизвик, во сложени услови да продолжи да ги извршува своите функции и да ги оствари програмските цели и определби. Борбата за работнички права продолжува“, соопштуваат од СС