Скопските вертикали – изложба во Музеј на Град Скопје

Тројца уметници вечерва во Музеј на Град Скопје ќе се претстават со својот уметнички проект насловен „Скопските вертикали“.

Станува збор за истражувачки проект кој има за цел да придонесе за повторната видливост на еден од забора­вените и тематски најмалку истражуваните архитектонски слоеви на Скопје – градбите кои се развиваат во височина.

Во основа на истражувањето, како што велат уметниците Јован Ивановски,  Ана Ивановска Дескова и Владимир Десков,  е исто така желбата за подетално проучу­вање на скопските високо­катници, кули…, производ на еден од доми­нант­ните модели на урбаниза­ција и развој на европските градови во втората половина на 20-от век.

Студијата е насочена кон документирање и истражување на 50 висококатници кои при­паѓаат на периодот од 1950 год. сè до доцни­те 80-ти години од минатиот век, кој исто­вр­емено е и најдинамичен период од исто­ри­јата на развојот на Скопје. Потпирајќи се на доволната историска дистанца која доз­волува објективно согледу­вање на заемното влијание на општествено-политичките процеси, глобал­ните архитек­тонски движе­ња, технолошкиот напредок… врз развојот на урбаната форма, целта на трудот е поде­тал­но проучување на архитек­турата на вертикалниот град, условите во кои таа настанала, главните одлики кои ја одре­ду­ваат, квалитетите и вредностите кои ги поседува.

Покрај изложбата ќе има и промоција на публикација.

Настанот ќе започне во 20 часот.