Скопската зоолошка добива Бејби Зоо

Скопје Зоо добива мини зоолошка градина за најмладите. Од Зоолошката велат дека по теркот на европските и светските и во скопската зоолошка ќе се отвори Бејби Зоо.

Според градината, се работи зе заградена мини зоолошка градина каде што ќе има мали безопасни животни и каде децата во присуство на Зоо негувател ќе може поинтеркативно да се запознаат со животните, да си играат и да се фотографираат со нив.

„Целта е децата уште од мали да ја почувствуваат љубовта и грижата кон животните. Доколку уште од мали нозе научат како да се грижат за нив, сигурно е дека кога ќе пораснат ќе ја имаат онаа зоокултура која сега недостасува кај нас“, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.