„Skopje in dub“ – целодневен даб и реге настан во сабота во „Буква“

Во дворот на кафе-книжарницата „Буква“, во соработка со „Sk dub rockerz“, во сабота (15 јули) од 13 до 1 часот ќе се случува целодневниот даб и реге настан именуван „Skopje in dub“.

На музичкото мени е Rub-A-Dub Ramses од Холандија, еден од најактивните промотори на легендарната On-U Sound Records.

„Во изминатите 30 години Ramses вртел даб, реге, амбиент, гоа транс, есид техно, брејкбит и балкански битови, настапувајќи насекаде по Европа, вклучувајќи ги и големите фестивали како Сзигет и Гластонбери. Во оваа прилика, Ramses ќе ни се претстави со rub-a-dub селекција која (меѓу другото) ќе вклучува и ретки и неиздадени On-U Sound верзии (на винил!)“, стои во најавата за настанот.

Исто така, на агендата како музички селектори се најавени и Andrej Bartling, Geto Rudi, Ishjan Twin, Jojo, MarinS, Marso и NiKoJ.

Влезот е слободен, но организаторите однапред благодарат за секоја донација која може да се понуди.

Дизајнот на постерот е на Сали Ертунч.