Второто издание на манифестацијата „Скопје чита“ денеска ќе се одржи во паркот спроти Скопското кале. Прво ќе читаат група студенти, а потоа и реномирани поети и писатели од рзалични генерации.
„Скопје чита“ го организираат Културно-информативниот центар-Скопје, писателката Линдита Ахмети и Арлинда Бафтиу.
Целта, според организаторите, е да се привлече вниманието на граѓаните кои ќе можат да слушаат стихови посветени на љубовта и човечките судбини.