Сите професори на ФИНКИ утре излегуваат на студентскиот протест

Сите професори на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) утре ќе учествуваат на утрешниот студентски протест пред Владата, најави на својот профил на Фејсбук доц. д-р Игор Трајковскипредавач на факултетот. Според неговата објава, ова е одлука на наставно-научниот совет на ФИНКИ, кој со ова станува првиот факултет во земјата чиј комплетен наставен кадар најави учество на протестот, насочен против воведувањето на државен испит во македонското високо образование.

Оваа вест доаѓа откако над 110 професори, прдавачи и асистенти на македонските универзитети потпишаа отворено писмо до Владата на република Македонија, во кое бараат да се повлече предлогот за државен испит. Професорите кои се противат на оваа владина идеја веќе неколку дена се организирани во ткн. Професорски пленум.

Своја поддршка за студентите и студентските протести дадоа и синдикатите, организациите и активист(к)ите, организатори на протестот против плаќање придонеси за хонорарите. Досега повеќе од 10.000 луѓе на настанот на Фејсбук најавиле дека ќе учествуваат во протестот.