Сиријката Сара Мардини е говорник на ENGAGE 2020

„Сум искусила да бидам и внатре и надвор од бродот, и спасувач и бегалец. Секој брод на кој некогаш сум му помогнала, станал дел од мене“

Родена и израсната во Сирија, Сара Мардини беше професионална пливачка. Кога избувна насилството во Дамаск, за време на Сириската граѓанска војна, нејзиното семејство отпатува за Турција и се качи на гумен чамец за да стигне до Грција. Несреќата се случи кога моторот на големиот и преполн чамец престана да работи и тој почна да тоне. Како спасувачи на вода и професионални пливачи, Сара и нејзината сестра Јусра, заедно со уште двајца мажи, скокнаа во океанот и го тукаа бродот низ разбрануваното Егејско море за во следните 3,5 часа да стигнат на безбедно, на грчкиот остров Лезбос. Тие спасија 18 лица и беа препознаени како херои од меѓународните медиуми.

Во 2018 година Сара се врати на островот Лезбос за да волонтира и да им помогне на другите мигранти безбедно да стигнат до брегот. Сепак, таа беше уапсена од грчката влада и и претеше опасност од затворска казни до 25 години, бидејќи ја обвинија за помагање на шверц со луѓе како дел од криминална организација. По 107 дена затвор, Сара се ослободи од озогласениот затвор во Грција.

Сара Мардини ќе допатува во Скопје како говорник на ENGAGE 2020 каде ќе зборува за своето искуство со спасување бегалци, поради кое лежеше и во затвор.

Инаку, деветтото издание на Конференција за социјален активизам ENGAGE 2020 ќе вклучи ќе се одржи во сабота, на 22-ри февруари со почеток во 12 часот во МКЦ Скопје. Домашни и странски активисти ќе бидат говорници на повеќе теми како дигитална демократија, животна средина, иднината на образованието и медиумите, како и правата на ЛГБТИ заедницата и граѓанската ангажираност.

Во меѓувреме, регистрацијата за настанот е затворена, а за сите што нема да можат да присуствуваат ќе има стрим во живо.

Конференцијата е поддржана од National Endowment for Democracy, а е организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ.