Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

Средношколскиот тим „LuftOn“ преработува оџачарски саѓи во мастило за принтери

Тим од пет средношколци од скопската гимназија „Орце Николов“, наречен LuftOn, преку UpShift програмата смислија идеа за намалување на загадувањето и рециклажа – изработка на мастило за принтање од оџачарски саѓи.

Радио МОФ разговараше со средношколецот Лука Кадриќ кој е дел од LuftOn, за тоа како дошле до идејата за преработка на саѓи, процесот на изработка и средношколските компании кои функционираат во „Орце Николов“.

Средношколскиот тим „LuftOn“ преработува оџачарски саѓи во мастило за принтери

[Фото] Театарско-музички перформанс за Горан Стефановски по повод неговиот роденден

Десетици граѓани на 27 април се собраа на скверот „Јас и ти“ во Дебар маало кај клупата со споменикот на македонскиот драмски писател Горан Стефановски да го проследат музичко-драмскиот перформанс со кој беше одбележан неговиот роденден.

Годинава настанот беше посветен на љубовта на драматургот кон рокенрол музиката, па се рецитираа делови од драмскиот текст „Лонг плеј“, а помеѓу една и друга сцена се пееја нумери од „Леб и сол“ и „Фолтин“.

[Фото] Театарско-музички перформанс за Горан Стефановски по повод неговиот роденден

Македонски јавен сектор: Највозрасните во јавните претпријатија, најмладите во Влада [Инфографик]

46 години е просечната возраст на вработените во македонскиот јавен сектор за 2022 година. Во споредба со 2021 година македонската администрација е малку подмладена, но доколку се направи споредба со 2016 година просечната возраст е зголемена за повеќе од половина година. Ова го покажуваат податоците од новиот извештај на Министерството за информатичко општество и администрација.

Македонски јавен сектор: Највозрасните во јавните претпријатија, најмладите во Влада [Инфографик]

Не сте единствени што добиле чуден линк од пријател на „Месинџер“

Доколку изминативе неколку дена сте добиле чудна порака со линк од некој познат или не толку познат пријател на апликацијата за допишување на Фејсбук „Месинџер“, не сте единствени.

Најразлични линкови пропратени со пораки, меѓудругото дека ве има во некакво видео, брзо се шират преку апликацијата за допишување на Фејсбук – „Месинџер“.

Не сте единствени што добиле чуден линк од пријател на „Месинџер“

[Видео] Засадени 22 дрвја во спомен на загинатите работници минатата година

Во спомен на 22 работници кои загинале во Македонија минатата година, денеска во паркот „Лисиче“ беше посадено по едно дрво за секој од нив. Традиционално, Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) со ваквата акција го одбележува и Светскиот ден за безбедност и здравје при работа кога се сеќаваат на сите кои загинале на своите работни места, се повредиле и кои професионално заболеле.

[Видео] Засадени 22 дрвја во спомен на загинатите работници минатата година