Шпанија најдарежлива држава за донирање органи

Во Шпанија минатата година се пресадени рекордни 5.259 органи, дури повеќе од 2016 година, кога беа пресадени 4.818. Најмногу биле бубрези (3.269) и црни дробови (1.247), потоа и бели дробови (363), срца (304) и панкреаси (70).

Според податоците на шпанското Министерство за здравство, бројот на донатори се зголемил за повеќе од осум отсто од 2016. Вкупниот број донирани органи бил 2.183.

Шпанија има 46,9 донатори на милион жители, и таа стапка расте од година во година – 4,3  во 2016 и 39,7 донатори на милион жители во 2015. Тоа е повеќе од просекот за ЕУ (19,6) и САД (26,6).

Хрватска е на второ место зад Шпанија по број на донатори – во 2016 година имало 34,8 донатори на милион жители, но лани таа цифра е намалена на 32.

Шпанија го одржа овој стандар за донирање органи и покрај длабоките намалувања на штедењето, со што се намалија јавните трошоци за здравје за време на економската криза.