„Shortcutz Amsterdam“ во „Јавна соба“

„Shortcutz Amsterdam International Audience Award“ се случува во 28 градови низ светот, a на 13 јануари од 20 часот ваков филмски настан ќе се случи и во „Јавна соба“.

Присутните ќе имаат можност да гледаат седум кратки холандски филмови и да гласаат за својот омилен.

„‘Shortcutz Amsterdam’ e многу повеќе од филмски фестивал, многу повеќе од филмска платформа и многу повеќе од само простор за вмрежување и дружење“, велат од „Јавна соба“.

Според организаторите, се работи за едниствената иницијатива во Холандија која се фокусира на промоција на холандските филмски таленти и ги повзрзува новите режисери и продуценти со веќе етаблираните професионалци.

Нивните филмови ги промовира заедно со повеќе од 30 партнери на различни локации низ светот.

„Се прикажуваат филмови на млади таленти од Холандија, а професионалци од областа на филмот ги раскажуваат своите приказни и видувања. На тој начин младите продуценти и режисери ја промовираат својата работа, разговараат со својата публика и со професионалци“, се вели во најавата за настанот.

Од друга страна, љубителите на филмот имаат можност да гледаат нови филмови, да дознаат повеќе за новите таленти и да запознаат некој од своите омилени режисери.