Вело – дискусија во Битола: Шо прајме со воздухот?

Иницијативата „Битола на точак“ и „GLOW“ и „YMLP“ клубовите од Битола се здружуваат заедно за подигање на свеста кај младите и сите граѓани на Битола за штетното влијание од загадувањето на воздухот.

Во сабота, во 13 часот во „Задруга Артикултура“ е најавена средба и дискусија за воздухот во еден од најзагадените градови во земјава.

„Дојдете ( на пример со точак ) да си помуабетиме за начините на кои можиме да придонесиме во намалувањето на загадувањето на воздухот“, се наведува во поканата за дискусија на битолските „точкаџии“.