Шестиот концерт од Twelve Moons of Jazz во Станица 26

Шестиот концерт од серијалот Twelve Moons of Jazz ќе се одржи на 24 октомври (понеделник). Во потрага на взаемен поглед и амбиентална позадина, шестиот по ред концерт организаторите најавуваат дека ќе се одржи на нова локација, Станица 26.

Во серијалот од настани, овој пат публиката ќе имаме можност да ја следи нотата на саксафонот во предводењето на главниот збор.

Следниот гостин на Twelve Moons Of Jazz е џез квартетот „Equinox“, составен од Горан Кавраков на саксофон, Панко Гелев на гитара, Боро Шопов на бас гитара и Филип Крстевски на тапани, кои претставуваат исклучително талентирани солисти.

Овој уникатен квартет го создаваат образовани музичари кои се насочени кон квалитет и темелност во пристапот кон џезот како уметност, велат организаторите. Во изминатиот период, квартетот „Equinox” интензивно работи на созревањето на авторски албум создаден од модерни џез и фанк композиции. По концертот на „Equinox“ свој џез сет ќе има DJ Шурбе.