Шест милиони денари за иновации на најдобрите основци и средношколци

34 проекти на основни и средни училишта, кои беа наградени во рамките на Програмата „Предизвик за млади истражувачи 2“, на ФИТР и на МОН денеска ги потпишаа договорите во Владата на Северна Македонија.

На церемонијата се презентираа двата победнички проекти од учениците од првонаграденото основното училиште „Даме Груев“ од Битола и првонаграденото средно училиште „Ванчо Прке“ од Виница.

ФОТО: Влада.мк

Премиерот Зоран Заев на настанот истакна дека владата е посветена на поддршката на младите истражувачи, со цел да се остварат нивните идеи и да се реализираат нивните креативни решенија за секојдневните проблеми и прашања со кои се соочуваат сите граѓани.

Креативноста на основците и средношколците ќе се стимулира со вкупен фонд од 6 милиони денари и дополнителни 30.000 денари за менторите на учениците кои се дел од овој проект.

Ова е веќе втора година како ФИТР ја реализира програмата „Предизвик за млади истражувачи.