Седмо издание на фестивалот „Под земја полесно се дише”

Седмиот „Под земја полесно се дише” – фестивал на бистриот (воз)дух и чистата прегледност, ќе се одржи следната сабота (28 декември), во гаражите под Плочник.

На фестивалот ќе настапат битолскиот соло проект „Mnemonic45“ , скопските „Гаргара“ , но и париското дуо „JAKKU“ од каде доаѓа Adrien Moniet со неговата музика за танц која гравитира на мрачната страна, од длабоко „downtempo“ до племенско техно.

Фестивалот вклучува и ликовна програма во која се вклучени дваесетина уметници. Почетокот е најавен во 20 часот.

„Остануваме со неволјата! Единствениот начин на кој знаеме да го правиме тоа е преку славење на истата. Уметнички тероризам и заедничко организирање и делување. Ве повикуваме на согледување, утврдување и проигрување со културите и политичките сили кои го обликуваат нашето секојдневие“, велат од Фестивалот.