Се затвора клубот „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија

Скопската публика вечерва ќе има последна можност да го посети клубот „Ла кања“ во Старата скопска чаршија. Журката има симболичен наслов „фајронт“, а започнува во 21 часот.

„Дечки, после многу години љубов и музика и оваа Ла Кања е спремна за во историја. Знаеме дека звучи даун и ќе ги скрши срцата на тие што не доаѓаа, а сакаа да постои за секој случај, но ние мораме понатаму…во сабота свириме фајронт, финито, нада…дојдете да наздравиме со најголемите Ла Кања хитови, муабети и прегратки. Музика сервираат Максимилијан, Ема, Ѓорѓи и Давид“, стои во најавата на Фејсбук.

Клубот важи за едно од култните места во Старата скопска чаршија. Во 2012 година, бендот Мугер Фугер го снимија албумот „Ла Кања“, насловен тому по ова место.