Се спојуваат „Ватсап“, „Инстаграм“ и „Фејсбук-месинџер“

„Фејсбук“ планира да ги спои услугите за испраќање и примање пораки на „Ватсап“, „Инстаграм“ и „Фејсбук-месинџер“ во една услуга.

Спојувањето, како што се наведува, би требало да се случи во почетокот на следната година.

Секоја апликација и натаму ќе постои самостојно и ќе има свои индивидуални карактеристики, но платформата за размена на пораки ќе им биде заедничка. Идејата за овој чекор е подобрување на комуникациите меѓу милијарди корисници на разни апликации во сопственост на „Фејсбук“.

Извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, според наводите, наредил секоја порака преку апликацијата да биде криптирана од крај до крај, односно да биде невозможно на кој и да било да му биде пресретна пораката.

Од компанијата велат сакаат да постигнат најдобро можно ниво на размена на пораки, а корисниците сакаат тој процес да биде брз, едноставен, доверлив и приватен.