Русија му ја продолжи дозволата за престој на Сноуден за уште две години

Поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност на САД (НСА), Едвард Сноуден доби дозвола за престој во Русија за уште две години, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Тие нема да го екстрадираат дури и ако врските со Америка се подобрат откако за нов претседател е избран Доналд Трамп.

Захарова, напиша на Фејсбук дека правото на Сноуден да престојува во Русија е продолжено за уште неколку години. Нејзината објава е одговор на ставот на поранешниот директор на ЦИА, Мајкл Морел, кој претходно рече дека Путин би можел да го предаде Сноуден на Америка. Тој во колумна напиша дека предавањето на Сноуден на американските власти би бил „совршен подарок“ од рускиот претседател за Трамп.

Сепак, Захарова вели дека за Русија е незамисливо да го предаде Сноуден.

Ова вест доаѓа неколку часа откако Барак Обама, ја намали казната на „свиркачот“ Челси Менинг. Тој требаше да отслужи казна затвор од 35 години, но со одлуката, тој ќе биде ослободен во мај.

Сноуден се уште нема коментар за продолжувањето на дозволата да остане во Русија. Тој пристигна во Москва преку Хонг Конг во јуни 2013 година и помина пет недели на аеродромот по што му беше дадено правото да остане во Русија привремено. Во април 2014 година тој доби дозвола за престој од три години.