Ролерско-велосипедска патека од мостот „8 Септември“ до вливот на Лепенец во Вардар

Во тек е изградбата на ролерско-велосипедската патека на левата страна на кејот на реката Вардар, на потегот од мостот „8 Септември“ до вливот на реката Лепенец, соопштија од Град Скопје.

Ролерско-велосипедската патека на оваа делница ќе биде долга 2.000 метри, а широка 4 метри. На терен, на трасата на патеката е извршен ископ, нанесен е тампонски слој и се поставуваат рабници.

Во следните денови патеката ќе се асфалтира и ќе се обележи хоризонталната сигнализација. На неа ќе бидат поставени 91 столб за осветлување со висина од по 7 седум метри.

На изградба на ролерско-велосипедската патека работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.