Родово одговорно буџетирање за еднакво општество

Вклучувањето на родовата перспектива во политиките, стратешките планови и буџетите е еден од приоритетите, изјави министерката за труд и социјална политика на регионалната Конференција за родово одговорно буџетирање, која се одржува на 22-23 мај во Скопје.

,,Родово одговорното буџетирање не е прашање на борба помеѓу мажите и жените. Напротив, тоа е прашање со кое ние создаваме еднакво општество, во кое што ги распределуваме финансиските средства на поправеден начин. Родово одговорното буџетирање е алатка која што итно треба да ја воведеме и во органските закони, но и во пракса. Нема да кажам дека тоа е лесно и едноставно или дека утре ќе се случи. Но сите заедно се заложивме од првиот ден и работиме тоа да стане реалност во нашата држава’’- изјави Царовска.

Според заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, Западен Балкан губи околу
18 од својот БДП поради невклучување на жените на пазарот на трудот. Таа посочи дека ова е
неискористен човечки капитал и потенцијал, поради што Министерството го стави родовото одговорно буџетирање во новата фискална стратегија 2019-2021 со иницијативи за унапредување на
родовите показатели и индикатори.

На конференцијата повеќе владини претставници ќе говорат за воведување на родовата димензија во политиките и родовото одговорно буџерирање. На конференцијата учествуваат и високи функционери и експерти од земјата и од Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Украина, Молдавија и Турција.

Владините и невладините претставници ќе имаат можност да дискутираат за родово одговорно креирање на политики и да споделат добри практики во вклучувањето на родовите прашања во секторските политики на централно и локално ниво.

Конференцијата ја организира Канцеларијата на UN Woman во партнерство со Владата.