„Рил рок“ – качувачки документарен серијал денеска во Градски парк

Новото издание на качувачкиот документарен серијал „Рил рок“ по четврти пат ќе се одржи денеска, во 19 часот, во Градскиот парк, на Школка, во рамките на Скопскиот спортски фестивал.

Ќе бидaт претставени документарни филмови за најголемите приказни и атлети во качувањето.

Основани во 2006 година , од страна на Џош Ловел и Питер Мортимер, проекциите „Рил рок“ ги прикажуваат најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката низ светот и се духовни настани, каде што алпинистите, авантуристите и љубителите на природата се здружуваат за да ја прослават и искусат срцевината на авантуристичкиот филм.

Дел од забавата на ваквите настани секогаш се и различни презентации, доделување награди, присуство на врвни алпинисти, кратки филмови и претставувањa, а локалната програма се состои од филмови и презентации за најголемите достигнувања на локалната качувачка сцена.

Настанот е поддржан од Американската амбасада во Скопје.