Ресторани низ Америка денеска ќе бидат затворени во солидарност со имигрантите

Сопственици на ресторани низ целата земја се надеваат дека патот кон совеста на нацијата е преку нејзиниот стомак, бидејќи тие денеска ќе ги затворат своите бизниси во знак на солидарност со имигрантите.

Рестораните се трудат да го поддржат граѓанското движење наречено „Ден без имигранти”, кое бара од имигрантите да не одат на работа, да не ги отворат своите бизниси, или да купуваат производи цел ден. Целта е да му се претстави на претседателот Доналд Трамп важноста на имиграцијата.

„Јас сум среќен поради тоа”, вели Бенџамин Милер, ко-сопственик на рестораните „El Compadre“ и „South Philly Barbacoa“ во Филаделфија.

„Мило ми е што гледам дека готвачите се активираат и ја преземаат работата, користејќи ја нивната моќ да се залагаат за луѓето кои се ранливи. Најголем ризик за нас готвачите се паричните казни, но овие луѓе ризикуваат да ги изгубат нивните семејства. Тие имаат многу повеќе што да изгубат“.

Неговата сопруга и бизнис партнер, Кристина Мартинез, активно се вклучува во акцијата бидејќи таа е имигрант без документи, така што во моментов не може да аплицираат за зелена карта, покрај тоа што е во брак со државјанин на САД. Двојката денес ќе го затвори „El Compadre“. (Нивниот друг ресторан отвора само за време на викендите.)

Не е изненадување што рестораните заземаат став против мерките за имиграција на администрацијата на Трамп. Се проценува дека 1,2 милиони недокументирани имигранти работат во подготовка на храна и имаат работни места во САД, според податоците за 2012 година на истражувачкиот центар Пју.

Некои имиња од висок профил во ресторанскиот бизнис се потпишаа во акцијата, вклучувајќи го и шпанскиот готвач Хозе Андрес, кој беше тужен од страна на Трамп, откако тој се повлече од плановите да отвори ресторан во новиот хотел на Трамп во Вашингтон. Андрес објави на Твитер дека тој ќе ги затвори сите пет негови ресторани во Вашингтон во знак на солидарност.

Два други познати готвачи во Филаделфија, Стивен Стар и американецот со потекло од Еквадор, Хозе Гарсес, не рекоа дека ќе ги затворат нивните ресторани во текот на денот, но тие ветуваат дека нема да ги отпуштат или на друг начин да ги санкционираат вработените кои ќе одлучат да учествува во „Ден без имигранти“.

„Знаеме имигрантската група е суштински дел на туристичката индустрија. … Ние го поддржуваме правото на вработените во туристичката индустрија да биде слушнат нивниот глас “, рече Гарсес.

„Ние сме во тесна комуникација со сите вработени кои планираат да учествуваат и правиме сé за да го ублажиме потенцијалното влијание врз искуството на нашите гости. Ние нема да преземеме никакви несакани дејства кон вработен што ќе одлучи да учествува”.

Секоја одлука да не се отвори дури и за еден ден е особено тешко за оние кои поседуваат мали бизниси. Мелиса Силва-Дијаз, извршниот директор и сопственик на „El Burrito Mercado“ во Сент Пол, Минесота, одлучи да го затвори фамилијарниот ресторан откако слушнала за денот на протестот од клиенти и работници.

„Вработени и неколку клиенти ни ја испратија сликата од настанот”, вели Силва-Дијаз, чии родители се од Агуаскалиентес, Мексико.

„Почнав да се распрашувам и дел од вработените велат дека планираат да не работат. Тоа предизвика разговор. Ние имавме состанок вчера. Имавме здрава дискусија за тоа. Го прашав секој поединечно што сака да направи. Стигнав до другите бизниси. Сите зборуваат за тоа. Потоа гласавме и едногласно одлучивме да го направиме тоа”.

Таа призна дека многу од нејзините клиенти не се задоволни од одлуката. Но, таа рече: „Тоа е она што сакаме да го направиме, да им ја поттикнеме свеста на луѓето и да ги натераме да зборуваат“.