Ресторан им дава работа на поранешни криминалци за да не се вратат на улиците

Едвинс е скап француски ресторан кој се наоѓа во Кливленд, Охајо. Речиси сите вработени таму се луѓе кои биле осудени и отслужиле казна за извршен криминал.

Повеќе од 200 поранешни затвореници имаат работено по шест месеци во Едвинс, откако е отворен во 2013 година. Ниту еден од нив не извршил кривично дело повторно, а 90 проценти од нив успеале да најдат постојано вработување.

Секој прекршител на законот добил меѓу 40 и 50 часа бесплатен тренинг, а работат или во кујната, или како келнери.

Некои од нив остануваат да работат во ресторанот, а другите добиваатдиплома за завршениот тренинг.

Сопственикот Брендон Кростовски, кој го именувал ресторанот според неговото второ име, ја објаснува причината зошто ја започнал програмата:

„Јас бев неразумен тинејџер и една ноќ бев уапсен и однесен во притвор. За среќа, ме осуди судија кој ми даде помала казна, место 10 години во затвор“.

Раскажува дека додека бил на условна казна, запознал готвач кој му бил ментор.

„Кога еднаш влегов во кујната, знаев дека таму припаѓам до крајот на мојот живот“, вели тој.

„Гледајќи го напорот да се дојде дома од затвор, цело време си размислувам, ’Тоа можев да бидам и јас’. Тоа само ме тера да се трудам повеќе за нив. Ние даваме можност и веруваме во некого, исто како што судијата веруваше во мене“.

Се шегува и дека Едвинс е кратенка за „education wins“.