„Република во пламен“ – настапи на диџеи во Кичево

Во организација на ДБР – група, збир на уметници од Кичево кои функционираат како мултимедјална организација од 1998 година, на 5 август, сабота во Кичево ќе се одржи настан со електронска музика – „Републиката во пламен“.

„Испирирани од сопствениот град, сивилото на улицата, но и желбата да се држи чекор со модерните електронски текови, креираме и придонесуваме во развојот на електронската сцена, клубскиот начин на живот, уметност и култура“, велат од организацијата за настанот.

На настанот со почеток во 03 часот, во клубот Република – 96 259 Kичево, ќе настапат Мартин Лупер, Андреја Салпе, Мартина Пенева, Роботникс, Димитри ДБР, Спектромански, Димитар, Милан, Ултимуса…

ОД ДБР велат дека досега реализирале бројни музички настани, радио емисии, музички изданија со фокус на современата музика и клубското живеење.

„Денес сме горди на она што останува како печат во нашиот мал град. За онаа оставена трага на различни генерации, од високите октави на вокалите од некогашните почетоци во Детроит, па сѐ  до денешните софистицирани експериментални мелодии во Берлин и насекаде во светот“,  додаваат оттаму.