Гитаристот Стив Ваи доаѓа во Скопје

Од „Авалон продукција“ најавуваат концерт на гитаристот Стив Ваи во Скопје.

Концертот на еден од најактуелните американски гитаристи е најавен за на 26 април во СРЦ Кале.

„Како дел од листата на десетте најдобри гитаристи на сите времиња, Стив Ваи свирел и бил дел од студиските албуми на Френ Запа, Моторхед, Дејвид Ли Рот и Вајтснејк, истовремено градејќи кариера со крајно индивидуалистички и иновативен пристап кон својот инструмент, осум соло албуми и три Греми награди“, се вели во соопштението на „Авалон“.

Скопскиот концерт на Ваи е во рамки на промоцијата на неговиот актуелен албум „Inviolate“, кој се најде на првото место на „Hard Rock Albums“ листата.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба од петок, 20 јануари, во 9 часот наутро, онлајн на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон Продукција.