Работилница за изработка на даска за веслање од пластични шишиња денеска во Градски парк

Каролин Њутон и Карлос де Суза се на пат кон остварување на својата цел: веслање на 12 маратони по 42 километри на даска од пластични шишиња. Тие прават мала пауза во Скопје каде денес ќе одржат работилница за изработка на даска за веслање од пластични шишиња.

Со себе носат креативност и знаење за изработна на даски за SUP и сурф.

„Дојдете да се запознаеме со овие авантуристи кои навистина имаат што да споделат“, се вели во поканата за настанот.

Работилницата ќе започне во 17 часот.