Работилница за деца: Рецепт за театар за сенки

Чујте и почујте! Во нашиот нов театар, под паркетот точно кај сцената најдовме скриено чекмеџе, а во него – рецепт за театар за сенки, велат од „Сенки и облаци“.

Од таму за утре од 18 часот ја најавуваaт работилницата „Рецепт за театар за сенки“. Велат дека протриле очи, засукале ракави и почнале да готват, арно ама, најважната состојка им недостига.

„Потребни се: 12 деца на возраст 6+ години, малку магија и многу креативна енергија“, соопштуваат од  „Сенки и облаци“.

„Сенкашите“ најпрво ќе презентираат основни техники на игра, за потоа заедно со децата да изработат кукли со кои ќе си поиграат на платно.

„И дегустацијата на сработените сцени може да започне!“, велат тие.