Птичарска средба на „Zoom“

Македонското еколошко друштво (МЕД) продолжува со „птичарските средби“, овој пат онлајн, на 17-ти мај од 17:30 часот на видео-платформата „Zoom“.

„Бидејќи сè уште не можеме да се собереме на заедничко птичарење се собираме на ZOOM. Време е да си раскажеме што видовме, што сакаме да видиме и да одговориме на сите прашања во врска со птици а особено со птици преселници. Овој настан е за сите кои имале искуство, сакаат да имаат или се само заинтригирани од птиците. Присутни ќе бидат сите орнитолози на МЕД, љубители на птици и ентузијасти“, појаснуваат од МЕД.

Повеќе детали за онлајн средбата од МЕД најавуваат во петок на фејсбук-настанот. Во продолжение може да погледнете како изгледаа некои од претходните „птичарења“ кои се организираа во Градскиот Парк во Скопје.

[Галерија] Како изгледа птичарење во парк