Прв АртиКамп во битолската задруга „Артикултура“

Членовите на задругата „Артикултура“ организираат камп во нивните простории овој викенд, кој ќе започне утре (25 јануари).

Како што велат организаторите, тоа е место каде може да се научи нешто ново, но и да има дружба и забава.

Ова е прв ваков настан кој го претставуваат пред своите посетители, а целта е да се развива алтернативната култура.

Како што стои во најавата, ќе се одржуваат работилници за жонглирање со оган, изработка на опрема и продукција на звук, ќе има поезија, а сето тоа ќе биди проследено cо музика од различни жанрови.

„Со ваша поддршка, да го зачуваме единственото место од ваков тип во градот и да продолжиме да ја развиваме алтернативата во Битола“, се вели во поканата за настанот.

Инаку, од задругата неодамна соопштија дека се соочуваат со финансиски потешкотии за што ги повикаа граѓаните да помогнат така што ќе донираат, или пак, ќе го посетуваат местото почесто.

Битолската задруга „Артикултура“ собира финансиска помош за да опстои