Протест на црвениот килим во Кан – актерки се спротивставија на родовата нееднаквост

Осумдесет и две жени учествуваа во симболичниот протест на Канскиот филмски фестивал.

Со протестот, кој го предводеше актерката Кејт Бланшет, актерките бараат да имаат поголем глас во филмската индустрија.

Причината поради која точно 82 актерки учествуваа, е бидејќи го преставува бројот на филмови чии режисери биле жени, а учествувале во главната конкуренција во 71-годишна историја на фестивалот.

Во протестот учествуваа и Марион Котијар, Леа Сејду, Ава Дувернеј, Кристен Стјуарт и Салма Хајек.

„На овие скалила денес стојат 82 жени кои го претставуваат бројот на режисерки кои ги имаат искачено овие скалила од првото издание на Канскиот филмски фестивал во 1946 година. Во истиот период, 1,688 режисери ги имаат искачено истите овие скалила. Престижната награда Златна палма ја добил 71 режисер (премногу за да ги споменувам со имиња), но само две жени“, рече Бланшет во своето обраќање.

„Жените не се малцинство во светот, а сепак сегашната ситуација во нашата индустрија го вели спротивното. Како жени, сите ние се соочуваме со уникатни предизвици, но стоиме заедно на овие скалила денес како симбол на нашата решителност и посветеност кон напредок“, додаде таа.