Промоција на „Ѕвездено дете“ од Ване Костуранов

Илустраторот Ване Костуранов ќе ја промовира неговата книга насловена „Ѕвездено дете“.

Книгата зборува за Ѕвездан, дете кое живее меѓу ѕвездите.

„Ѕвездан е вистински мајстор за ѕвезди: ги поправа кога ќе престанат да светат, пловејќи меѓу нив со своето бротче. Исплашен од помислата некоја ѕвезда да не падне, Ѕвездан доаѓа до едно големо откритие… што понатаму ќе го одведе до нешто сосема, сосема неочекувано…“, се вели во најавата за настанот.

Промоцијата ќе се одржи во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија, на 18 април со почеток во 19 часот. Нејзин промотор е Билјана Црвенковска.