Програмер напишал алгоритам кој црта портрети со само една линија

Сергеј Стопел е компјутерски научник, кој во слободно време пишува алгоритми кои претвораат фотографии во цртежи. Резултатот е секогаш направен со само една линија, или неколку идентични лини кои изгледаат како да се направени со пенкало или туш и перце.

Негова инспирација, вели, се компјутерските уметници Георг Неес и Фридер Нејк.

Алгоритамот се обидува да ја „разбере“ сликата и ја дели на повеќе сегменти со различна структура и сличност во тонот. Додека „црта“, алгоритамот динамично ја евалуира сликата и ја прилагодува траекторијата на цртата, според структурата на сликата.