Програмата на ОБСЕ доделува стипендии за Европската академија за иновации во Торино

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) отвора Повик за кандидати за 18 целосно платени стипендии за Европската академија за иновации (ЕАИ/EIA), една од водечките летни програми во светот за претприемништво, за млади професионалци, студенти, неодамна дипломирани студенти и млади претприемачи. 

Од 8 до 27 јули во Торино, избраните финалисти од Западен Балкан ќе се вклучат во мултикултурен екосистем со професионалци и ментори од врвни светски институции, меѓу кои и бизнис лидери од Америка, Европа и Азија, со цел да им помогнат на талентите да се промовираат и да променат нешто во општеството.

Спонзорирано од италијанското Претседателство со ОБСЕ за 2018 г., во рамките на проектот YDEAS (Млади програмери и претприемачи за унапредување на стартапи во Западен Балкан) под раководство на Канцеларијата на координаторот на ОБСЕ за економски активности и активности за заштита на животната средина (OCEEA), стипендиите ќе бидат промовирани преку мисиите на ОБСЕ и локалните канцеларии на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РКМС/RYCO).

„Негувањето на огромниот потенцијал на младите во Западен Балкан е долгорочна инвестиција за иднината на целиот регион“, рече претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи на Италија, Анџелино Алфано. „Младите се нашиот главен приоритет за Западниот Балкан како Претседателство со ОБСЕ. Програмата ќе помогне во креирање на заедница од млади луѓе со иновативни идеи и врвни вештини, спремни да се натпреваруваат на глобалниот пазар.“ 

Од 3 мај до 4 јуни 2018 г. (24:00 СЕВ) апликантите од Западен Балкан може да ја испратат својата апликација до Европската агенција за иновации линк, наведувајќи го насловот на стипендијата „Програма на ОБСЕ за стипендии“. Половина од стипендиите се наменети за кандидатите од женски пол.

Стипендијата покрива програма во траење од 15 дена, менторство, предавања, алатки, социјални настани, 6 кредити според ЕКТС, патувања и сместување.

Пилот инцијативата е составен дел од ангажманот на Канцеларијата на координаторот на ОБСЕ за економски активности и активности за заштита на животната средина (OCEEA) на полето на развој на човечкиот капитал, согласно приоритетите на италијанското Претседателство со ОБСЕ во 2018 година.

За подетални информации, обратете се до најблиската Мисија на ОБСЕ  или локалната канцеларија на РКМС/RYCO или испратете е-пошта до YDEAS@osce.org.