Второто издание на фестивалот „Нови простори 2022“ во 11 часот денеска официјално ќе биде отворен со читање и пуштање на „Пораката во шише“ на кејот на Вардар.
Оваа година програмата е поделена на два дела и на две локации.
Првиот дел е на шеталиштето на Вардар до влезот на бродот Синегалија, од страната на ГТЦ и таму ќе бидат сегментите: „Отворање“, „Нови поетски пространства“ „Танц на кеј“, Светски поетски момент“ и „Сликаме на кеј“.
Вториот дел – концертот со сегметните „Нов бит„ и „Отворен микрофон” ќе одржи на скалите под Камениот Мост, кај сидрото.
„Продажната изложба ќе биде поставена утрото и сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација. Согласно програмата,секој учесник ќе биде претставен во време од 6 минути, при што поетите во 2 минути ќе треба да се претстават себе си а во 4 минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика“, вели организаторот.
Во вториот дел се настапите на музичарите, при што секој бенд пред почетокто на настапот кратко ќе биде претставен, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката – специјално изненадување што ќе го добие еден гледач.
Доколку врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Градскиот трговски центар – приземје.
Фестивалот се организира со финансиска поддршка на Градот Скопје, во рамките на Програмата за култура за 2022 година.